ИЗ Жабени

zabeni



Индустриска зона Жабени се наоѓа во јужниот дел од градот Битола, со координати (40.946278 N, 21.435903 E). Жабени се наоѓа на 3 километри оддалеченост од границата со Грција и 9 километри од градот Битола, а од центарот на општината е оддалечена 11.75 км. Индустриската зона се наоѓа веднаш на главниот патен правец М5 и е лоцирана до самата железничка пруга кон Р. Грција. Вкупната површина на индустриската зона Жабени изнесува 834.539,06 м2 со процент на изграденост од 70%. Менаџирана е од општина Битола, а сопственоста е поделена и тоа 50% од земјиштето е купено од страна на приватни инвеститори и 50% е во сопственост на државата. Индустриската зона Жабени располага со електрична енергија, водовод, атмосферска канализација, фекална канализација, телефонија, пристап до градежни парцели преку асфалт или тампонирана површина од инфраструктура. Сите парцели се наменети за продажба, ниедна не се издава под закуп, а почетната цена за купување на парцелите е 61,00 ден/м2 за лесна индустрија и 900,00 ден/м2 за комерцијални објекти.

Менаџирано од: Општина Битола
Оддалеченост од центарот на општината: 11.75 км
Сопственост:

  • 50 % – во сопственост на приватни инвеститори
  • 50 % – државно градежно земјиште достапно за купување

 

ВКУПНА ДОСТАПНА ПОВРШИНА 834,539 m2 +

БРОЈ НА ПЛАЦЕВИ 92

ДОСТАПНИ ЗА КУПУВАЊЕ 9+

МОМЕНТАЛНО ВРАБОТЕНИ ВО ЗОНАТА 6,800 +

 

Расположлива инфраструктура во зоната:

 

Инфраструктура Достапност
Електрична енергија  да
Водовод  да
Атмосферска канализација  да
Фекална канализација  да
Телефонија  да
Пристап до градежни парцели преку асфалт/тампонирана површина  да
Табела 1:Расположлива инфраструктура во Индустриска зона Жабени

Работници

Оддалеченост од: Километри
Автопат  E – 75 95
Автопат Е – 90 (Р. Грција) 95
Пристаниште Солун (Р. Грција) 200
Пристаниште Драч (Р. Албанија) 200
Аеродром Скопје 180
Аеродром Охрид 85
Аеродром Солун (Р.Грција) 200
Граница со Турција 550
Прилеп 40
Ресен 30
Охрид 70
Табела 2:Одалеченост од Индустриска зона Жабени

 

Намена на слободни локации за градба: Б2, Б3, Б4  и  Г2, Г3, Г4 и Е1, Е2, Е3

Претпријатија во индустриската зона: 

– Кромберг и Шуберт дооел – германска компанија за производство на автомобилски кабли

– Спринг дооел – домашна компанија за производство на пелети и преработка на дрво.

– Челмак Агрикултурал Машинери – турска компанија за земјоделска механизација.

-Мелиор Фуд дооел – италијанска компанија за преработка на земјоделски производи.

-Цераметал – грчка компанија од металната индустрија.

Закуп/продажба: Продажба

Почетна цена на земјиште во сопственост: 61,00 ден/м2 за лесна индустрија и 900,00 ден/м2 за комерцијални објекти

 

Категории

Последни Новости