Нови регионални проекти во реализација на Центарот за развој на Пелагониски плански регион

Центар за развој на пелагонискиот плнски регион

Центарот за развој на Пелагонискиот регион со Бирото за рамномерен регионален развој на РМ (БРР) потпиша договори за реализација на два нови регионални проекти. Со вкупна финансиска помош од околу 4.600.000 МКД обезбедени од буџетот на РМ преку Програмата за рамномерен регионален развој и околу 1.500.000 МКД обезбедени од ЈП Пазари Битола преку реализација на две фази ќе биде комплетно завршена реконструкцијата на зелениот пазар во Битола.
Со проектните активности ќе бидат изградени 6 нови продажни павиљони, ќе се покрие просторот над нив а ќе бидат изградени плато, електричен и канализационен систем.
По реализацијата на проектите, околу 3.000 жители на регионот кои егзистираат од продажба на земјоделски производи на зелениот пазар и повеќе од 115.000 граѓани на Битола и соседните општини Демир Хисар, Новаци и Могила ќе добијат осовремен и функционален простор односно поефикасна и зголемена трговија со регионалните земјоделски производи. Од реализацијата на проектот директен бенефит ќе имаат граѓаните на четири општини со што уште еднаш во Пелагонискиот регион ќе се направи значителен исчекор кон реализација на регионални инфраструктурни проекти преку директна соработка на повеќе општини.

Категории

Последни Новости