Објавен повик од ИПАРД II за: Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси 9,6 милиони евра

 

Почитувани,

Бизнис Центарот при Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Ви испраќа информација за објавен повик од ИПАРД програмата за Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси.Повикот е објавен од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Приоритетни сектори кои се поддржани од оваа мерка се

1.Инвестиции во алтернативно земјоделско производство

  • Одгледување на печурки и тартуфи;
  • Хортикултура (расадници и одгледување на цвеќе и цветни папки, украсни растенија, дрва);
  • Производство на семенски и саден материјал;
  • Одгледување на зајаци;
  • Одгледување на полжави;
  • Одгледување на птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви, емуа и бисерки;
  • Одгледување на дивеч;
  • Пчеларство;
  • Одгледување на билки, семиња, и други зачински и ароматични растенија;
  • Насади на дрвја (брзо растечки) за дрвена граѓа и био-маса;
  • Рибници за производство на слатководна риба.
  1. Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци
  • Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
  • Колачи, тестенини и пекарски производи;
  • Чај и билни екстракти;
  • Зачини и билки;
  • Слатководна риба, ракови и мекотели и
  • Други производи кои не се наведени во Листа на производи
  1. Инвестиции во производство на не-прехрамбени производи
  2. Инвестиции во занаетчиски дејности.

Инвестиции во обезбедување на услуги во земјоделството

  • Воспоставување и унапредување на ветеринарните служби;
  • Воспоставување и реновирање на работилници за одржување и поправка на земјоделска механиза-

ција, машини и опрема;

  • Воспоставување на услуги за изнајмување на земјоделска механизација и машини (машински прстени)
  1. Инвестиции во услуги за руралното население
  • Услуги за поправка и одржување;
  • Услуги за теренско (пејсажно) уредување;
  • Услуги за грижа на домашни миленичиња;
  • Услуги за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн);
  • Услуги за дневно згрижување на деца;
  • Обука и образовни центри за било која професија, хоби или целна самонадградба, спорт и

рекреација, услуги за поддршка на образование, информатички

  1. Инвестиции во рурален туризам
  • Туристичко сместување во внатрешен простор (соби, апартмани, ноќевање и појадок, само-угостителски колиби)
  • Туристичко сместување на отворено (кампови, бунгалови, камп-приколки)
  • Угостителска дејност (готвење и служење на храна)
  • Комбинирани услуги – сместување и угостителски услуги

 

Како корисници на мерка 7 се прифатливи и физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија. Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци. Проектираниот буџет за оваа мерка е 9.6 милиони евра, со можност за негова екстензија.

 

За повеќе информации на следниот линк: http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

Категории

Последни Новости