Отворен е повикот за третиот UPSHIFT предизвик

 

Охрабрени од разултатите од претходните 2 циклуси, CEED Hub Скопје, со задоволство го објавува повикот за третиот циклус на апликации со иновативни идеи за решавање на социјалните проблеми во нашето општество.

Бидејќи секојдневно се соочуваме со голем број на општествени предизвици кои имаат големо влијание врз нашите животи, оваа програма има за цел да ги поттикне младите да ги препознаат истите и да понудат иновативни решенија во вид на производ или услуга.

UPSHIFT програмата ќе помогне и ќе ја поддржи реализацијата на решенијата на социјалните проблеми од заедницата. Заинтересираните учесници е потребно да формираат тим од 2-5 учесници на возраст од 13-19 години и да ја испратат пополнетата апликацијата најдоцна до 10.03.2019.

Со учеството во програмата:

  • ќе стекнете нови вештини и знаења кои се применливи во решавање на било каков проблем.
  • ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница а и пошироко;
  • ќе научите како да ја дизајнирате, развиете и спроведете вашата идеја;
  • ќе стекнете нови пријателства и
  • ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартувате идејата.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

 

Категории

Последни Новости