Општина Битола

Во рамки на општина Битола е Битолското поле кое го зафаќа најголемиот дел од Пелагониската котлина, со вкупна обработлива површина од околу 70.000 ха. Од неа, најголем дел се ораници, потоа, градинарски површини, овоштарници, лозја и ливади. Со изградбата на хидросистемот Стрежево, создадени се дополнителни поволни услови за развој на земјоделството и за остварување на многу поголеми приноси.

 

Општина битола мапа

Битола е најголемиот градски центар во плодната и најголемата македонска котлина Пелагонија и втор град по големина во Република Македонија. Сместен е во крајниот југозападен дел на Република Македонија, во подножјето на планината Баба, непосредно до грчката граница (оддалечена 13 км).
Околните планини: Баба Планина, Кајмакчалан и останатите шумски простори располагаат со големи шумски комплекси од огревно и индустриско дрво.
Општина Битола и пошироката околина се познати и со своето разновидно минерално богатство. Ова особено е однесува на големи количества од лигнит и други неметали. Врз основа на овие природни резерви, од 1983 год. работи најголемиот електростопански објект во Македонија, Рударско-енергетскиот комбинат РЕК- Битола. Во овој комбинат се вработени 2.500 лица кои годишно , одложуваат 30 милиони кубици јаловина, ископуваат 6 – 7 милиони тони лигнит, произведуваат 4.2 гигават часови електрична енергија.
Значаен крупен капацитет од пошироко општествено значење е хидромелиоративниот гигант Стрежево. ЈП“Стежево“ (основано 1978 год) денес брои 220 вработени. Овој систем ги зафаќа сите води од реките Шемница и Драгор со своите притоки и водотеците од Баба планина: Кишавска, Граешка, Остречка, Злокуќанска, Стара Река, Киндерка и истите се влеваат во акумулацијата. Браната е изградена на реката Шемница. Стрежево служи за снабдување на Битола и другите населени места со вода за пиење, ги снабдува со индустриска вода одделните капацитети во Општина Битола меѓу кои и РЕК Битола и наводнување на повеќе од 20.200 хектари земја во Пелагонија. Покрај оваа активност, Стрежево се занимава со производство на електрична енергија во своите хидроцентрали, со одгледување на риби и печурки, со угостителски дејности и др. Системот Стрежево исто така служи за заштита од поплавување на дел од Пелагонија.
Како резултат на вака поволни природни можности, во последните децении почнаа да се валоризираат присутните суровински и ресурсни можност во областа на: металната, текстилната, прехранбената, тутунската, графичката индустрија, производството на млеко и млечни производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци, шеќер, квасец, шпиритус и др.

 

 

 

 

Инвестирање во општина Битола

Општина Битола на потенцијалните инвеститори им ја става на располагање Индустриската зона „Жабени“ која се наоѓа во јужниот дел од градот Битола, одалечена 9 километри од градот Битола и 11,75 километри од центарот на општината. кронберг и шубертВажна компетитивна предност на Индустриската зона „Жабени“ е нејзината близина до границата со Република Грција од само 5 километри. Вкупната површина на индустриската зона „Жабени“ изнесува 834.539,06 м2 со процент на изграденост од 70%. Менаџирана е од општина Битола, а сопственоста е поделена и тоа 50% од земјиштето е купено од страна на приватни инвеститори и 50% е во сопственост на државата. Во ИЗ Жабени функционира „greenfield“ германската инвестицијата Kromberg&Schubert, а за периодот кој следува најавени се и инвестиции на италијанска компанија од прехрамбена индустрија и турска компанија од областа на производство на земјоделска механизација. Општина Битола на располагање за потенцијалните инвеститори има и објекти за продажба во поранешна касарна на АРМ во вкупна површина од 7.126 м2.

Категории

Последни Новости