Општина Долнени

Општина Долнени се наоѓа во северозападниот дел на пелагониската котлина, на надморска височина од околу 600 метри. Формирана е со Законот за територијална поделба и Законот за локална самоуправа од 1996 година, а проширена е со припојување на општина Житоше со последниот Закон за територијална организација на Република Македонија од 2004 година.

Општина Долнени мапа

Општината природно е поделена на поголема целина, која зафаќа 2/3 од површината, претставува рамничарски дел каде главно се обработливи површини (90%), а втората целина, која зафаќа 1/3 од вкупната површина, претставува ридско-планински дел, од кој пак половина е прекриен со пасишта, а половина со шуми (дабова, букова, јасен и др.)

Рамничарскиот дел на општина Долнени располага со голем фонд обработливо земјиште што се користи за повеќе намени во земјоделското производство, додека на помал дел се развиваат природни пасишта и ливади. Во северниот дел рељефот е планински, претежно со благи падини (освен во највисоките делови), испресечеени со поголем број речни долини што слегуваат кон Пелагонија.

Највисоките врвови Гол Рид, Мукос, Кодростан и Лута достигнуваат од 1.500 до 1.700 м.н.в. Во овој дел се распространети најважните природни ресурси: шумите (претежно дабова и букова), планинските и ридските пасишта, извори и природни водотеци (реки и потоци), разновиден животински и растителен свет и рудни наоѓалишта на квалитетен мермер.

Општина Долнени ја сочинуваат 35 населени места, во кои според пописот од 2002 година живеат 13.568 жители.
Социјалната структура на населението укажува на изразито земјоделска општина, бидејќи половина од работоспособното население се земјоделци, додека со неземјоделски активности се занимаваат само 11% од вкупното население.

Општина Долнени ја карактеризира големиот број на сончеви денови во текот на годината, што ја прави погодна за производство на електрична енергија со помош на соларни панели, а голема површина на обработливо земјоделско земјиште, погодна за органско производство на храна. Заштитената и недопрена природна средина е можност за развој и на еко туризмот.

 

Општина Долнени – Општи податоци

 

ОПШТИНА ДОЛНЕНИ
7504, Долнени
+389 48 453210 [email protected]
www.opstinadolneni.gov.mk
Координати *  Географска ширина – 41о42’ N
*  Географска должина  – 21о45’ E
Површина *  412,43 км2
Повикувачки кодови *  Меѓународен код:   ++ 389 (Р. Македонија)
*  Национален код:     048
*  Поштенски код:       7504
Популација *  13.568 жители (Попис 2002)
*  14.128 жители (Проценето според Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2019)
Полова структура *  Жени – 47,67%

*  Мажи – 52,33%

Број на невработени лица (АВРМ, декември 2015 ) *  667
Основни училишта *  ОУ „Пецо Даскалот“ – Долнени
*  ОУ „Пере Тошев“ – Дупјачани
*  ОУ „Вера Циривири-Трена“ – Дебреште
*  ОУ „Лирија“ – Житоше
*  ОУ „Мирче Ацев“ – Лажани
*  ОУ „Ѓорче Петров“ – Ропотово
*  ОУ „Исмаил Ќемали“ – Црнилиште
Средни училишта *  СОУ „Преродба-Рилиндиа“ – Житоше (гимназија)
Број на активни деловни субјекти *  200 (Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2019)
Приоритетни сектори / индустрии во општината *  Земјоделие

*  Рударство – минерални суровини

(мермер, гранит, кварц)

Контакт за потенцијални инвеститори Градоначалник на општина Долнени
Тел:    048-453-210
E-mail:  [email protected]

 

Општина Долнени – Сообраќајни врски

 

СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ
Регионални патни правци ·         Р1303 (Прилеп – Кичево)
·         Р2335 и Р2336 (Кривогаштани-Житоше-Лажани-Ропотово-Црнилиште)
Оддалеченост од аеродроми: ·         Александар Велики (Скопје)  – 144 км
·         Св. Апостол Пале (Охрид) – 104 км
·         Аеродром Македонија (Солун, Грција) – 245 км
Оддалеченост од пристаништа: ·         Пристаниште во Бургас, Бугарија – 710 км
·         Пристаниште во Солун, Грција   – 226 км
·         Пристаниште во Драч, Албанија – 272 км
·         Пристаниште Бар, Црна Гора – 391 км
Оддалеченост од железница: ·         Железничка Станица Скопје – 145 км

·         Железничка Станица Софија – 336 км

·         Железничка Станица Солун – 226 км

Оддалеченост од главни градови: ·         Скопје – 145 км
·         Софија – 336 км
·         Белград – 545 км
·         Подгорица – 392 км
·         Приштина – 232 км
·         Атина – 694 км
·         Тирана – 234 км
Оддалеченост од гранични премини: ·         Бугарија – 220 км
·         Србија – 160 км
·         Грција – 63 км
·         Косово – 168 км
·         Албанија – 140 км

 

Инвестирање во општина Долнени

 

Општина Долнени на потенцијалните инвеститори им ја става на располагање Индустриската зона „Дебреште“ лоцирана во близина на патот Прилеп – Кичево и регионалниот водовод Студенчица. Индустриската зона „Дебреште“ располага со 154.000 м2 вкупна површина и има водоводен и канализационен систем, електрична мрежа, телефонија и интернет.

 

Индустриската зона „Дебреште“
Вкупна површина 154.000 м2
Сопственост 100 % државна сопственост
Расположлива инфраструктура – Електрична енергија

– Водовод

– Атмосферска канализација

– Фекална канализација

– Телефонија

– Пристап до градежни парцели преку асфалт/тампонирана површина

Намена на слободни локации за градба Г2 – лесна и незагадувачка индустрија
Почетна цена на земјиште во сопственост 61,00 ден./м2

Категории

Последни Новости