Општина Могила

Општина Могила лежи во Пелагониската рамнина, јужно од реката Шемница, помеѓу стариот пат Битола – Прилеп и Река Црна, на просечна надморска височина од 583 метри. Општина Могила е средноголема рурална општина, зафаќа површина од 251,2 км2. Има прилично добра географска положба и сообраќајна поврзаност. Низ нејзиниот централен дел минува магистралниот патен правец и железничката пруга Битола – Прилеп. Исто така, од големиот градски центар Битола, централната населба Могила се наоѓа на оддалеченост од само 10 км.

Општина Могила мапа

Компаративна предност на општина Могила

Општина Могила е земјоделска општина каде што најмногу се произведуваат житариците и полјоделските култури, но не помалку е застапено и сточарството. Од индустриските објекти позначајна е фабриката за производство на готова животинска храна лоцирана во населбата Радобор. На атарот на Општина Могила стопанисува ЗК Пелагонија и тука се наоѓа најголемата сточарска фарма со околу 800 молзни крави.

Во Могила живее традицијата на печалбарство. Таа е родно место на многу иселеници кои денес живеат во Мелбурн и Сиднеј во Aвстралија, Њу Џерси во САД, Торонто во Канада, Минхен и Франкфурт во Германија, Малме и Гетеборг во Шведска.

Општината се одликува со: квалитетна пространа обработлива површина, реки, шуми, пасишта и незагадена околина кои се ставени во функција на производство на здрава храна.

 

Општина Могила – Општи податоци

 

ОПШТИНА МОГИЛА
7216 Могила +389 47 296 466
[email protected]
[email protected]
www.mogila.gov.mk
Координати *  Географска ширина – 41о14 N

*  Географска должина  – 21о45’ E

Површина *  251,2 км2
Повикувачки кодови *  Меѓународен код:   ++ 389 (Р. Македонија)

*  Национален код:     047

*  Поштенски код:       7216

Популација *  6.710 жители (Попис 2002)

*  5.969 жители (Проценето според Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2019)

Полова структура *  Жени – 53,02%

*  Мажи – 46,98%

Број на невработени лица (АВРМ, декември 2015 ) *  302
Основни училишта *  ОУ „Гоце Делчев“, Могила

*  ОУ „Кочо Рацин“, Ивањевци

*  ОУ „Браќа Миладиновци“, Добрушево

Број на активни деловни субјекти *  160 (Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2019)
Приоритетни сектори / индустрии во општината *  Земјоделство

*  Преработувачка индустрија

Расположливи ресурси во општината *  Земјоделство

*  Инфраструктура

*  Агротуризам

Контакт за потенцијални инвеститори  

Тел.:    047-296-466

047-296-360

E-mail:  [email protected]

[email protected]

 

Општина Могила – Сообраќајни врски

 

СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ
Автопати и магистрални патишта ·         Автопат А-3

·         Автопат E-65

Регионални патни правци ·         Р1101 (Прилеп – Битола – Макази – Царев двор)

·         1303  (Прилеп – Македонски Брод – Кичево)

·         1306 (Прилеп – Кривогаштани – Крушево Сладуево)

·         Р29175 (Могила – Будаково – врска со Р2340)

Оддалеченост од аеродроми: ·         Александар Велики (Скопје)  – 186 км

·         Св. Апостол Пале (Охрид) – 86 км

·         Аеродром Македонија (Солун, Грција) – 202 км

Оддалеченост од пристаништа: ·         Пристаниште во Бургас, Бугарија – 700 км

·         Пристаниште во Солун, Грција   – 202 км

·         Пристаниште во Драч, Албанија – 258 км

·         Пристаниште Бар, Црна Гора – 361 км

Оддалеченост од железница: ·         Железничка Станица Скопје – 186 км

·         Железничка Станица Софија – 359 км

·         Железничка Станица Солун – 202 км

Оддалеченост од главни градови: ·         Скопје – 186 км

·         Софија – 359 км

·         Белград – 568 км

·         Подгорица – 378 км

·         Приштина – 254 км

·         Атина – 570 км

·         Тирана – 220 км

Оддалеченост од гранични премини: ·         Бугарија- 305 км

·         Србија – 194 км

·         Грција – 37 км

·         Косово – 194 км

·         Албанија – 67 км

 

Инвестирање во општина Могила

Општина Могила на потенцијалните инвеститори им ја става на располагање Индустриската зона „Петилеп“. Индустриската зона „Петилеп“ се наоѓа 3,5 км северно од село Могила, на регионалниот пат А3. Индустриската зона опфаќа површина од 17,9 хектари. Процентот на изграденост на зоната е 70%. Зоната располага со електрична енергија, водовод, телефонија и патна инфраструктура.

Индустриската зона „Петилеп“
Вкупна површина 17.9 ха
Оддалеченост од центарот на општината 3,5 км
Сопственост 100 % државна сопственост
Расположлива инфраструктура – Електрична енергија

– Водовод

– Патна инфраструктура

– Телефонија

Намена на слободни локации за градба Г2 – лесна и незагадувачка индустрија
Почетна цена на земјиште во сопственост 61,50 ден./м2

 

Општина Могила на располагање за потенцијалните инвеститори става и два објекти во нејзина надлежност, лоцирани во населено место Добрушево.

 

Информации за објекти за продажба
Реден број Опис Локација на објектот Вкупна површина на објектот
1 Старата општинска зграда на општина во Добрушево с. Добрушево, о. Могила 150,00 м2
2 Нов објект во центарот на с. Добрушево с. Добрушево, о. Могила Над 300,00 м2
3 Објект на Месна Заедница Добрушево с. Добрушево, о. Могила 80,00 м2

Категории

Последни Новости