Култура
Пелагонискиот регион е лулка на македонската култура и традиција. Луѓето што живееле тука со својата дејност оставале значаен белег на времето што го живееле. Културата низ вековите е видлива и денес и таа претставува особена гордост на жителите на овој регион. Пелагонија претставува ризница на македонската култура. Тука низ вековите се создавала и негувала македонската традиција и голем дел од материјалното и нематеријалното богатсво на македонскиот народ. Денешната култура на луѓето од Пелагонија се раѓала и развивала низ вековите под влијание на најразличните цивилизации кои живееле тука и кои оставиле свој траен белег на модерното живеење.