Природни убавини

Преспанско езеро 1

Кога сакаме да зборуваме за Прспанското Езеро, мораме да појдеме од котлината затоа што е тоа продукт на природните случувања во неа и нејзин составен дел. Езерото поврзува две иториски значајни точки: Во Преспа на островот Ахил во Малото Преспанско Езеро, 976 год. се создало по втор пат Македонско големо царство,Самуиловото Царство. Кај селото Клуч во Р Бугарија , источно од тромеѓето Р Македонија, Р Грција , Р Бугарија на планината Беласица, во 1014 год., е поразот на Самуиловата војска од војската на Василие Втори. Како да се сакало да се каже крај! Тогаш настрадале 14.000 илјади војници. Сега постојат неколку милиони Македонци на етничкиот простор на Македонија и во дијаспората. Преспанската котлина се наоѓа во западниот дел на етничка Македонија, а после делбите во 1912/13 год., на крајниот југозападен дел на Реублика Македонија. Делбите почнале на карта 1912 год., а практично на терен завршиле во 1924 год.

Така сега од вкупната површина на хидролошкиот слив на Преспанска Котлина 1350,00 км² припаѓа на:

  • Република Македонија дел со површина од 761,6 км², или 56,42 %
  • Република Грција дел со површина од 321,6 км², или 23,82%
  • Република Албанија дел со површина од 266,8 км²,или 19,76%

Остров на змиите - Преспанско езероПреспанската Котлина северната граница ја има на 41 степен и 25 минути, јужната на 40 степен и 40 минути северна геогравска широчина и источнта на 21 степен и 16 минути и западната на 20 степен 49 минути и 40 секунди источна географска должина. Од источната страна е Пелагониската Котлина ,од западната Охридската Котлина , од северната Охридскста и Демир Хисарската Котлина и од јужната Костурската ,Билиштанската и Корчанската (Горичката) Котлина. Котлинската рамка е повисока од котлинското дно, нивото на езерото, од 1548 метри на Баба Планина, до 25 метри на превалот во клисурата “Грло”, на крајниот југозапад на Малото Преспанско Езеро (МПЕ). Иако има висока рамка, преку превалите “Ѓавато”1.167 мнв., “Превал“ 1.035 мнв, “Грло”875 мнв, “Превтис”(Ѕвезда) 1.085, “Полце”(Пресека) 1.568 мнв и “Буково” 1.207 мнв е лесно (патно сообраќајно) до соседните котлини и пошироко.

Преспанско езеро 3Котлината има издолжена, неправилна форма во меридијален правец,облик на крушка.Најголемата должина е 60,00 км,а широчината изнесува од 7,00 до 30,00 км. На јужниот дел на котлината, е природната акумулација Преспанско Езеро, со надморска височина при максимално ниво на водата 851,83 метри. При пониско ниво езерото со планината Сува Гора и песочниот превлак “Гладно Поле” (во насока с. Р’би – с. Перово,Кула по грчки) е поделено на Големо и Мало Преспанско Езеро. Површинска врска помеѓу двете езера, е Перовска Река која има максимална должина до 300,00 метри при ниско ниво,а при максимално не постои ,се поплавува песочниот превлак ,а двете езера стануваат едно(1918 год., 1941 год., 1948 год., и 1963 год.)

Преспанско езеро 2Големото Преспанско Езеро се наоѓа на надморска височина од 853 метри и има површина на воденото огледало од 276,2 км2[1], од кои во Македонија 191.4 км2, во Грција 37,6 км2, во Албанија 46,2 км2. Најголемата длабочина на Преспанското изнесува 76 метри и се наоѓа кај месноста Казан пред северниот одрон на Пречна Планина, додека максималната должина изнесува 28 километри, а најголемата широчина 17 километри[2].Малото Преспанско Езеро се наоѓа на 856 метри надоморска височина и е за 3 метри повисоко до Големото Преспанско езеро при што негоите води преку природен прокоп кај јужниот дел на превлаката Гладно Поле и некогашното старо село Долно Перово истекуваат во Големото Преспанско Езеро[3]. Малото Преспанско Езеро има површина од 50,7 км2, од кои во РГ 45,9 км2 и во РА 4,8 км2. Вкупната површина на Преспанското Езеро изнесува 325,9 км2.

 

Категории

Последни Новости