ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ВО 2018 ГОДИНА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ

 

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија ОБЈАВУВААТ ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ВО 2018 ГОДИНА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ во следните категории (посебно за големи и мали/средни претпријатија):

 Oднос кон вработените
 Eтичко управување
 Односи на пазарот кон снабдувачите, потрошувачите или купувачите
 Однос кон животната средина
 Вложување во заедницата

Во конкуренција на сите апликации од петте категории, ќе се додели и Признание за најинвентивен проект или практика.Право на учество во изборот имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија. Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни категории. Големината на инвестицијата во одредена практика, не е одлучувачки фактор, туку идејата, квалитетот на проектот, како и постигнатите резултати. Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии.

Краен рок за поднесување на пријавите e 3- ти септември 2018 година.

 

Повеќе информации на следниот ЛИНК

Категории

Последни Новости