Повик за грантови за развој на туризмот во Западен Балкан

 

Регионалниот совет за соработка (РСС) објави програма за доделување на грантови во вкупна вредност од 1,62 милиони евра за развој на туризмот во земјите од Западниот Балкан. Со програмата се дава поддршка на мали проекти во локалните заедници во туристичките делови во регионите, со цел подобрување на туристичката инфраструктура и услуги,  раст на туристичките активности од јавниот и приватниот сектор, креирање нови работни места, и зголемување на приходи.

Приоритети на програмата се:

1.Културен туризам, преку темите
-раскрсница на цивилизациите како регионален идентитет
-археолошки локалитети од Римско време
-уметност и дизајн на споменицитеод Втора Светска Војна – воспоставување на регионален пат на нов туристички производ

2.Авантуристички туризам
-преку програмите поврзани со Виа Динарика (пр. Транс Динарика)

Вкупно средства на програмата се 540.000 ЕУР, од кои се даваат грантови од 20.000 – 54.000 евро по проект. Сите апликанти мораат да обезбедат најмалку 10 % кофинансирање. За административни трошоци и за персонал можат да се алоцираат најмногу до 30% од грантот, додека останатите 70% мораат да бидат наменети дирекнто за спроведување на активностите од проектот. Кофинансирањето треба да  е од сопствени средства. In kind контрибуција нема да се смета како кофинансирање.

Можат да аплицираат невладини и непрофитни организации, асоцијации и фондации (јавни интитуции, приватен сектор, граѓански организации).
Времетраењето на проектите треба да е од 2 до 7 месеци. Проектите мора да се спроведуваат во периодот од 30.10.2018 до 30.05.2019.

Прво се поднесува концепт па втора фаза е целосен предлог проект.

Рок на аплицирање во првата фаза е до 16.08.2018 до 14:00 часот.

 Инфо ден за повикот ќе биде организиран во Скопје на 25.07.2018.

Документација за аплицирање може да се преземе од следниот линк.

Категории

Последни Новости