Предизвик за воспоставување лаборатории за истражување, креирање и иновативност „МАKERSPACE“

Фондот за иновации и технолошки развој на 29.09.2022 година објави “Предизвик за воспоставување лаборатории за истражување, креирање и иновативност „МАKERSPACE“.
Предизвикот за воспоставување на лаборатории за истражување, креирање и иновативност – MAKERSPACE има за цел на младите во заедницата да им овозможи работни, просторни, материјални и технички услови за стекнување и споделување на знаења и истражувањe, во кои ќе се користат алатки од научните, технолошките области и креативните индустрии. Истовремено овие лаборатории ќе претставуваат место за соработката помеѓу приватниот сектор, високо-образовните и научни установи, образовните установи, претпријатијата и граѓанските здруженија.
За финансирање проекти под овој повик обезбеден е вкупен износ од 20.000.000 (дваесет милиони) денари.
Преку овој повик, Фондот обезбедува финансирање до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, во максимален износ од 5.000.000 (пет милиони) денари по проект.
Предлог проектот може да биде поднесен од поединечен натпреварувач, од поединечен натпреварувач во партнерство со други правни лица или од конзорциум предводен од водечки натпреварувач.
Условите кои треба да ги задоволува секој натпреварувач се:
Да е правен субјект регистриран во Централниот регистар на Република Северна Македонија, и тоа:
(а) јавни универзитети во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во единици насочени кон образование засновано на наука (факултети);
(б) самостојни јавни високообразовни установи;
(в) приватно-јавни непрофитни високообразовни установи;
(г) јавни научни установи и мешовити научни установи основани согласно Законот за високо образование или Законот за научно-истражувачка дејност;
(д) трговски друштва кои се во доминантна сопственост на јавни високообразовни установи (50,1% или повеќе) кое согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење
Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК

Категории

Последни Новости