Работилница за Паметна Специјализација

 

Центарот за развој на Пелагониски плански регион Ве поканува на работилница на тема: „Смарт Специјализација“ , која ќе се одржи во среда на 23.03.2022 година во Хотел Милениум во Битола со почеток од 10:00 часот.
Учесниците на оваа работилница ќе се запознаат со следните теми:
-Паметната специјализација, како пристап за зголемување на конкурентноста;
-Процесот на изработка на Стратегија за паметна специјализација на национално ниво;
-Концептот за паметна специјализација за креирање на политики за економски развој
Презентација на примери и научени лекции од спроведување на Смарт Специјализацијата во други земји и региони;
-Воведување на пристап на Паметна специјализација на регионално ниво во нашата земја.
Оваа работилница е наменета за претставници од бизнис заедницата, од академските институции, граѓанскиот сектор, ЛЕР одделенија од општините, како и организации за поддршка на бизнис секторот во Пелагонискиот регион.
Настанот е организиран со поддршка на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка , во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза.
Поради ограничениот бројот на учесници, ги молиме сите заинтересирани да го пријават своето присуство на работилницата на емаил: [email protected].

Категории

Последни Новости