Швајцарска компанија инвестира во стартапи во Словенија, Хрватска, Србија и Македонија

Водечката швајцарска софтверска компанија Нетцетера бара перспективни стартап компании од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Планот е да се реализираат до пет инвестиции во 2016 и да се инвестира со слично темпо во наредните неколку години. Стартап компаниите можат да очекуваат да добијат не само финансиска поддршка, но исто така и други ресурси како што се експертиза и пазарен пристап, коишто компанија како Нетцетера може да ги понуди.

Нетцетера планира да инвестира во стартап компании, активни во индустриите во коишто истата работи, како што се финансиски технологии, поврзано здравство, транспортни технологии, дигитално претприемаштво, како и веб-апликации и софтвер за медиуми и забава. Покрај стартап компаниите од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија, Нетцетера исто така планира да разгледа и стартап компании од држави во коишто веќе е присутна (Швајцарија, ОАЕ, Германија и Австрија).

Заинтересираните стартап компании можат да најдат повеќе информации и контакти на www.netcetera.com/start-ups.

Ознаки:

Категории

Последни Новости