YES Стартап бизнис натпревар

 

YES бизнис инкубатор објавува бизнис натпревар за избор на најиновативна бизнис идеја од ИКТ секторот со голем потенцијал за раст и развој. Сите заинтересирани лица треба да испратат пополнета апликација на [email protected] најдоцна до 25 јули 2016 година.

Право на учество
Млади ентузијасти кои имаат намера да стартуваат сопствен бизнис од ИКТ индустријата или имаат основано фирма не постара од 1 година

Краен рок за поднесување апликации
25 јули 2016 година

Критериуми за избор
Иновативност на идеја, потенцијал за развој, искуство на тимот, финансиска изводливост

Награден ваучер за најдобриот апликант од 5.000 евра 

  • Бесплатно користење на канцелариски простор во времетраење од 6 месеци во бизнис инкубатор ***
  • Бесплатно советување и менторирање од експерти од различни области
  • Бесплатно учество на обуки во организација на YES бизнис инкубатор
  • Бесплатно учество на интернационален б2б настан за вмрежување на ИКТ фирми во Скопје – http://goict2016.talkb2b.net/
  • Бесплатно вмрежување со потенцијални бизнис партнери преку најголемата Европска мрежа за мали и средни претпријатија – Enterprise Europe Network
  • Бесплатни информации за настани и конференции од Enterprise Europe Network 
  • Изработка на профил за промоција на бизнисот во Enterprise Europe Network 

Повеќе информации на следниот линк.

Ознаки:

Категории

Последни Новости