ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ

Првите два столба од Планот, се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции – Службен весник број 83/2018, број 98/19 и број 124/19 година, додека мерките од третиот столб се спроведуваат преку имплементација на Среднорочната програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој, со што се овозможува практична реализација на мерките од Планот за економски раст.

Во продолжение можете да ја преземете презентацијата во која се прикажани сите мерки од Планот за економски раст, на македонски и англиски јазик, Законот за финансиска поддршка на инвестициите на македонски и албански јазик, Правилниците за доделување и исплата на финансиска поддршка, како и среднорочната програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој.

1.Презентација на мерките од Планот за економски раст

2.Закон за финансиска поддршка на инвестициите  – пречистен текст

– Закон за финансиска поддршка на инвестициите Сл. весник 83/2018

 Закон за изменување и дополнување на законот за финансиска поддршка на инвестиции Сл. весник 98/2019

– Закон за изменување и дополнување на законот за финансиска поддршка на инвестиции Сл. весник 124/2019

Надлежни органи за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка се:

  • ДТИРЗ – Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (За инвестициски проекти во технолошко индустриски развојни зони) и
  • АСИПИ – Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (За инвестициски проекти надвор од технолошко индустриски развојни зони).

Постапките се објаснети во правилниците во продолжение:

3.Правилник за формата содржината барањето за доделување на финансиска поддршка и потребна документација (Сл.весник на Република Северна Македонија бр.142/19 година

4.Правилник за исплата на финансиска поддршка

5.БАРАЊЕ  за доделување на финансиска поддршка – АСИПИ

6.БАРАЊЕ за доделување на финансиска поддршка – ДТИРЗ

7.Модел- деловен план  

8.Модел – Писмо за намери       

БАРАЊЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

  •  Рок за поднесување на барање за доделување на финансиска поддршка (склучување на нов договор): месец август секоја година.
  • Рок за поднесување на барање за склучување на анекс заради усогласување со новите одредби од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, за договорите склучени во 2018 година: 1 август 2019 година (еднократно).
  • Рок за поднесување на барање за склучување на анекс заради промена/измена на договорот за финансиска поддршка (промена на мерки во договор): 1-ви август секоја годинa

Постапка за ДОДЕЛУВАЊЕ на финансиска поддршка:

ПРВА фаза
Поднесување на барање за користење на финансиска поддршка

За инвестициски проекти НАДВОР од технолошко индустриски развојни зони За инвестициски проекти ВО технолошко индустриски развојни зони
АСИПИ ДТИРЗ

Разгледување на барањето од страна на Комисијата за евалуација на барањата за финансиска поддршка за инвестиции формирана од Владата
Доколку деловниот субјект ги исполнува условите од ЗФПИ
АСИПИ/ ДТИРЗ изработуваат Предлог договор за финансиска поддршка на инвестиции чии што одредби конечно го утврдуваат со деловниот субјект
Владата на седница носи одлука за склучување на договор
Склучување на договор со компанијата, најдоцна до 15.10. во тековната година

ВТОРА фаза
Компаниите поднесуваат барање за исплата на средствата до АСИПИ или ТИРЗ до 15.11. во тековната година

ТРЕТА фаза
Исплатата на средствата ќе се врши најдоцна до 25.12.

Врз основа на склучен Договор за финансиска поддршка за инвестиции, за времетраењето на инвестицискиот проект, секоја година се поднесува барање за исплата најдоцна до 15.10. за направени инвестициски трошоци во претходната година

Постапка за ИСПЛАТА на финансиска поддршка

Корисникот на финансиската поддршка кој склучил договор за финансиска поддршка и ги исполнил условите согласно Законот, доставува Барање за исплата на финансиската поддршка со потребната документација до надлежните органи ДТИРЗ или АСИПИ.

Надлежните органи за исплата (ДТИРЗ и АСИПИ) го разгледуваат Барањето за исплата на финансиската поддршка и откако ќе утврдат дека се исполнети условите за користење на финансиска поддршка предвидени во овој закон, ќе извршат исплата на износот кој му следува на корисникот не подоцна од 60 дена од денот на поднесување на комплетно барање за исплата.

За проверка на исполнување на условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции како и проверка на  износот на очекувана државна помош  на реализирани или идни планирани инвестиции, може да се користи Калкулаторот на финансиска поддршка на инвестиции и конкурентност.

Категории

Последни Новости