Општина Крушево

Општина Крушево се простира на југозападниот дел од Република Македонија. Во рамките на општината, градот Крушево има централна местоположба и претставува административен, економски и културен центар на општината. Тој се наоѓа на надморска височина од 1.250 м, со што претставува  град со највисока надморска височина на Балканот. Општината Крушево е сместена во претежно ридско-планинско подрачје на надморска височина меѓу 600 и 1.800 метри. Општина Крушево е распространета на ридско-планиски дел, при што ридскиот дел зафаќа 44%, а планинскиот дел 56% од вкупната површина од 205 км².

Општина Крушево мапа

Територијата на општината Крушево, која се простира на ридско-планинско подрачје и на северозападниот дел од Пелагониската котлина, се карактеризира со умерено-континентална клима, со изразито влијание на планинската клима, од запад и котлинската клима, од исток. Општината се карактеризира со добра инфраструктура која ги поврзува населените места, развиена мрежа на услужни дејности (болница, пошта, јавни услуги), постоење на добри сместувачки капацитети и хотел со 4 ѕвезди. Во општината со векови во хармонија живеат неколку различи етникуми кои создаваат диверзитет на култури и богата култура изразена преку специфична староградска архитектура, специфични обичаи, уникатни ракотворби и храна. Општината негува гостопримливост и туристички дух меѓу жителите кој до израз доаѓа во периодот на одржување на манифестациите: 10 дена Крушевска Република, Етно град.

Општината има и релативно долгата традиција во зимските спортови. Има кадар за зимски спортови, осветлени скијачки патеки, поседува нордиска патека за натпревари по меѓународни норми, опрема и машини за создавање вештачки снег, патеки за сноу борд.

 

Општина Крушево – Општи податоци

 

ОПШТИНА КРУШЕВО
ул. Никола Ѓурковиќ 16 а
Крушево+389 048 477 061
+389 048 477 046[email protected]
www.krusevo.gov.mk
Координати *  Географска ширина – 41о37’ N

*  Географска должина  – 21о25’ E

Површина *  205 км2
Повикувачки кодови *  Меѓународен код:   ++ 389

*  Национален код:     048

*  Поштенски код:       7550

Популација *  9.684 жители (Попис 2002)

*  9.255 жители (Проценето според Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2019)

Полова структура *  Жени – 49,2%

*  Мажи – 50,8%

Број на невработени лица (АВРМ, август 2016 ) *  1.049
Основни училишта *  ООУ „Никола Карев“

*  ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – с. Бучин

Средни училишта *  СОУ „Наум Наумовски – Борче“
Постоечки банки (филијали) *  Стопанска банка АД Скопје

*  УНИ банка АД Скопје

Осигурителни компании *АД за осигурување Винер – Виена Иншуренс Груп

*  Кроациа Осигурување – Живот АД

*  АД Осигурителна полиса

*  Триглав осигурување АД Скопје

Број на активни деловни субјекти *  204 (Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2019)
Приоритетни сектори / индустрии во општината *  Туризам

*  Угостителство

*  Текстилна индустрија

*  Дрвна индустрија

*  Земјоделие

Расположливи ресурси во општината *  Земјоделие: производство на индустриски и земјоделски производи на 871 ха (тутун, кромид, пиперка)

*  Туризам:

·         220 легла – хотеслки капацитети

·         560 категоризирани легла – приватно сместување

·         150 легла – манастирски комплекси

·         670 – седишта во угостителски објекти

*  Инфраструктура: 45 км регионални и локалани патишта, водовод во сите населени места

*  Природни богатства:

·         Кварц – со чистота од 97% – 98% во реоните на селата Саждево, Јакреново и Селце.

·         Боксит – со чистота од 28% во реонот на селата Пуста Река, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци и Арилево.

·         Волфрам во количини доволни за експлоатација во реонот на селата Пуста Река, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци и Арилево.

Контакт за потенцијални инвеститори Томе Христоски
Градоначалник на општина Крушево
Тел.:    048-477-061
E-mail: [email protected]

Татјана Хасану
Општина Крушево
Тел.:    048-477-061, 075-484-605

e-mail: [email protected]
Веб страна: www.krusevo.gov.mk

 

 

Општина Крушево – Сообраќајни врски

 

СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ
Регионални патни правци ·         Прилеп – Криводаштани – Сладуево

·         Прилеп – Кривогаштани – Пуста Река

Оддалеченост од аеродроми: ·         Александар Велики (Скопје)  – 155 км

·         Св. Апостол Пале (Охрид) – 125 км

·         Аеродром Македонија (Солун, Грција) – 220 км

Оддалеченост од пристаништа: ·         Пристаниште во Бургас, Бугарија – 762 км

·         Пристаниште во Солун, Грција   – 220 км

·         Пристаниште во Драч, Албанија – 291 км

·         Пристаниште Бар, Црна Гора – 474 км

Оддалеченост од железница: ·         Железничка Станица Скопје – 167 км

·         Железничка Станица Софија – 363 км

·         Железничка Станица Солун – 220 км

Оддалеченост од главни градови: ·         Скопје – 167 км

·         Софија – 363 км

·         Белград – 505 км

·         Подгорица – 424 км

·         Приштина – 239 км

·         Атина – 615 км

·         Тирана – 249 км

Оддалеченост од гранични премини: ·         Бугарија – 229 км

·         Србија – 164 км

·         Грција – 72 км

·         Косово – 182 км

·         Албанија – 110 км

 

 

Инвестирање во општина Крушево

 

Општина Крушево на потенцијалните инвеститори им ја става на располагање Индустриската зона „Опаленик“. Индустриската зона „Опаленик“ се наоѓа во местото Опаленик, КО Алданци. Индустриската зона е лоцирана на патот Прилеп – Крушево на 8 км пред влезот на градот. Зоната, со вкупна површина од 12,6 хектари е во целосна сопственост на државата. Зоната има 2 слободни парцели наменети за лесна и незагадувачка индустрија. Во близина на индустриската зона воспоставени се компаниите Еуро Профил, Еко Шар, Инен Декор, дооел Борче. Исто така, во процес е и отварање на нова Туристичка развојна зона, со површина од 35 ха, при што деталниот урбанистички план уште не е донесен.

Процент на изграденост: 42.62 % од страна на СЕКЕ фабрика за откуп и преработка на тутун

Во фаза на подготовка за градба: 23,11 %
Сопственост: 100% државна, на слободни парцели

 

Инфраструктура во зоната: делумна линиска инфраструктура
Претпријатија кои работат во близина на индустриската зона: Еуро Профил (производство на електрична опрема), Еко Шар ( производство на млеко и млечни производи),  Инен  Декор (производство на градежна столарија од дрво), дооел Борче (фабрика за производство на дрвена столарија).
Закуп/продажба: Продажба
Почетна цена на земјиште во сопственост: 61,00 ден./м2

 

Индустриската зона „Опаленик“
Вкупна површина 12,6 хектари (126.000 m2)
Оддалеченост од центарот на општината 8 км
Сопственост 100 % државна сопственост
Расположлива инфраструктура Делумна линиска инфраструктура
Намена на слободни локации за градба Г2 – лесна и незагадувачка индустрија
Почетна цена на земјиште во сопственост 61,00 ден./м2

Категории

Последни Новости