Општина Новаци

Општина Новаци се протега на површина од 753 км2 во јужниот дел на Република Македонија и се наоѓа на надморска височина од 580 метри. Општината е петта општина по ред во Република Македонија според големина на обработливо земјиште – располага со 22.905 хектари обработливо земјиште, има 28.952 хектари пасишта и 17.000 хектари шуми.

Општина Новаци мапа

Компаративна предност на општина Новаци

Климата на подрачјето на општина Новаци е умерено-континентална, со одредени специфичности – според температурните вредности е континентална, а според врнежите до извесен степен е медитеранска. Во мариовскиот регион е планиска, додека по течението на Црна река се чувствува влијанието на медитеранската клима.
Општината брои 41 село, од кои 34 рамничарски и 7 ридско-планински. Општинскиот центар од најблискиот град Битола е оддалечен 11 км.
Низ општината минуваат Црна река, Градешка река, Бела Река, Елешка река, Коњарка, Сатока и други. На нејзина територија е едно вештачко езеро на РЕК Битола, како и минерални извори во Гермијан и Меџитлија.

Полјоделството е важна стопанска гранка на општината. Застапени се житните растенија: пченица, јачмен, рж, пченка. Населението одгледува и градинарски и фуражни култури: афион, хмељ, соја, наут, луцерка, шеќерна репка, сончоглед, маслодајна репка и други култури.
Сточарството е застапено во форма на одгледување на ситен и крупен добиток на 30.000 хектари пасишта. Во Македонија е позната мариовската пчела како медосна, а медот е со висок квалитет.

Риболовот е застапен на реките Црна, Градешка, Бела итн. Овоштарството е застапено преку јаболчести овошја: јаболко, круша, дуња, црешна, зрнести: орев, лешник, костен, бадем и шумските плодови: јагоди и ситни бобинки. Во рамките на општината Новаци се наоѓа најголемиот басен на јаглен – Суводол со геолошки резерви од 195 милиони тони.

 

Општина Новаци – Општи податоци

 

ОПШТИНА НОВАЦИ
ул.1-ва б.б.
7211 с. Новаци +389 47 203 060
[email protected]
www.opstinanovaci.gov.mk
www.novaci.mk
Координати *  Географска ширина – 41о2’40” N

*  Географска должина  – 21о27’40’’ E

Површина *  753 км2
Повикувачки кодови *  Меѓународен код:   ++ 389 (Р. Македонија)

*  Национален код:     047

*  Поштенски код:       7211

Популација *  3.549 жители (Попис 2002)

*  3.009 жители (Проценето според Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2019)

Полова структура *  Жени – 48,25%

*  Мажи – 51,75%

Број на невработени лица (АВРМ, декември 2015 ) *  159
Основни училишта *  ЦОУ „Славко Лумбарковски“, Новаци

(со 8 подрачни училишта: Рибарци, Добромири, Агларци, Рапеш, Бач, Гермијан, Живојно и Далбеговци)

Број на активни деловни субјекти *  79 (Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2019)
Приоритетни сектори / индустрии во општината *  Земјоделство
Расположливи ресурси во општината *  РЕК – Битола

*  ЗК – Пелагонија

*  Знаменитости

*  Природни убавини

Контакт за потенцијални инвеститори

Градоначалник на општина Новаци

Љубе Кузманоски

Тел.:   047-203-060

E-mail: [email protected]

 

Општина Новаци – Сообраќајни врски

 

 

СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ

 

Регионални патни правци ·         Р-509 (Битола-Новаци-Маково-Старавина)
·         Р-510 (врска М-5-Кременица-Бач-Скочивир-Старавина)
·         Р-120 (Тополчани-Добрушево-Новаци-Брод)
·         Р-531 (Брод-Гнеотино)
Оддалеченост од аеродроми: ·         Александар Велики (Скопје)  – 168 км
·         Св. Апостол Пале (Охрид) – 83 км
·         Аеродром Македонија (Солун, Грција) – 226 км
Оддалеченост од пристаништа: ·         Пристаниште во Бургас, Бугарија – 776 км
·         Пристаниште во Солун, Грција   – 226 км
·         Пристаниште во Драч, Албанија – 261 км
·         Пристаниште Бар, Црна Гора – 444 км
Оддалеченост од железница: ·         Железничка Станица Скопје – 168 км
·         Железничка Станица Софија – 376 км
·         Железничка Станица Солун – 226 км
Оддалеченост од главни градови: ·         Скопје – 168 км

·         Софија – 376 км

·         Белград – 608 км

·         Подгорица – 394 км

·         Приштина – 252 км

·         Атина – 573 км

·         Тирана – 218 км

Оддалеченост од гранични премини: ·         Бугарија- 211 км

·         Србија – 184 км

·         Грција – 30 км

·         Косово – 185 км

·         Албанија – 66 км

 

Инвестирање во општина Новаци

Во општина Новаци е предвидена локација за индустриска зона лоцирана во с.Новаци, МВ Разлевци, во непосредна близина на населено место Новаци.

  • КП 1394/1 површина од околу 10 ха. Сопственик е Република Македонија -Зик Пелагонија, 11ти Октомври Гнеотино.

Во поглед на инфраструктурата до парцелата има постоечка електрична, канализациона и водоводна мрежа, како и пристапен пат (локална улица).

 

Категории

Последни Новости