Општина Ресен

Општина Ресен е сместена во Преспанската Котлина, која на Балканскиот Полуостров се јавува како карактеристично геоморфолошки неистечно подрачје со релативно голема надморска височина чие дно започнува од 853 метри апсолутна надморска височина (нивото на Преспанското Езеро) до 2.601 метри апсолутна надморска височина (врвот Пелистер на Баба Планина).

Општина Ресен мапа

Ресен, административниот центар на Општина Ресен е сместена во Преспанската Котлина, која на Балканскиот Полуостров се јавува како карактеристично геоморфолошки неистечно подрачје со релативно голема надморска височина чие дно започнува од 853 метри апсолутна надморска височина (нивото на Преспанското Езеро) до 2.601 метри апсолутна надморска височина (врвот Пелистер на Баба Планина).е живописен град сместен на падините од планината Галичица веднаш до Преспанското Езеро. Познат е по јаболковите овоштарници, прекрасни пејзажи и една од светските професионални керамички колонии под заштита на Унеско. Општина Ресен располага со одлични услови за развој на земјоделството и туризмот.

 

ОПШТИНА РЕСЕН
Плоштад „Цар Самоил“ б.б.
Ресен
+389 47 551770
[email protected]
www.resen.gov.mk
Координати *  Географска ширина – 40о93’ N

*  Географска должина  – 21о04’ E

Површина *  792 км2
Повикувачки кодови *  Меѓународен код:   ++ 389

*  Национален код:     047

*  Поштенски код:       7310

Популација *  16.825 жители (Попис 2002)

*  16.158 жители (Проценето според Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2019)

Полова структура *  Жени – 50%

*  Мажи – 50%

Број на невработени лица (АВРМ, декември 2015 ) *  1.573
Основни училишта *  ОУ „Гоце Делчев“

*  ОУ „Мите Богоевски“

*  ОУ „Славејко Арсов“ – с. Подмочани

*  ОУ „Браќа Миладиновци“ – с. Царев Двор

*  ОУ „Димитар Влахов“ – с. Љубојно

Средни училишта ОСУ „Цар Самоил“

·         Земјоделско-ветеринарна насока

·         Гимназиска насока

Постоечки банки (филијали) *  Стопанска банка АД Скопје

*  Стопанска банка АД Битола

*  Комерцијална банка АД Скопје

*  Охридска банка АД Скопје

*  Халкбанк АД Скопје

*  УНИ банка АД Скопје

*  Централна Кооперативна банка АД Скопје

Осигурителни компании *  Сава осигурување АД Скопје

*  Винер осигурување АД Скопје

*  Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп

Број на активни деловни субјекти *  468 (Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2019)
Приоритетни сектори / индустрии во општината *  Туризам и угостителство

*  Земјоделство и рурален развој

*  Мали и средни претпријатија и претприемништво

Расположливи ресурси во општината *  Поволни климатски предуслови

*  Развиено земјоделство – јаболково производство

*  Можности за развој на алтернативен и масовен туризам

*  Изградена  примарна инфраструктура

*  Одлична местоположба, поврзаност со соседните општини и региони како и соседните држави

Контакт за потенцијални инвеститори

Тел.:    047-551-763
E-mail: [email protected]

 

СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ
Автопати и магистрални патишта   Магистрален пат А-3

  • Крстосница Требениште (врска со А2)
  • Крстосница Подмоље-Охрид-Косел-Ресен-Битола-Прилеп-Велес-Штип-Кочани-Делчево граница со Бугарија
  • делница Битола (Крстосница Кукуречани) – граница со Р.Грција
  • делница Косел (врска со А3)-Охрид-граница со Р. Албанија
Регионални патни правци
  • P1101 (Прилеп-Битола-Макази-Царев Двор)
  • P1307 (Ресен-Царев Двор-Отешево-граница со Р. Албанија и делница Стење-Коњско)
  • P1308 (Макази -Претор-граница со Р. Грција)
  • P2332 (Битола-Трпејца (врска со А3 и P1301)  и Ресен-Национален Парк Галичица-Охрид)
  • P29376 (Врска со P1308-Манастир Свети Ѓорѓија (Курбиново)-Манастир Света Богородица-врска со P1308)
Оддалеченост од аеродроми:
  • Александар Велики (Скопје)  – 182 км
  • Св. Апостол Павле (Охрид) – 45 км
  • Аеродром Македонија (Солун, Грција) – 340 км
Оддалеченост од пристаништа:
  • Пристаниште во Бургас, Бугарија – 750 км
  • Пристаниште во Солун, Грција   – 246 км
  • Пристаниште во Драч, Албанија – 208 км
  • Пристаниште Бар, Црна Гора – 357 км
Оддалеченост од железница:
  • Железничка Станица Скопје – 198 км
  • Железничка Станица Софија – 410 км
  • Железничка Станица Солун – 246 км
Оддалеченост од главни градови: ·         Скопје – 199 км

·         Софија – 408 км

·         Белград – 600 км

·         Подгорица – 332 км

·         Приштина – 285 км

·         Атина – 607 км

·         Тирана – 170 км

Оддалеченост од гранични премини: ·         Бугарија- 243 км

·         Србија – 215 км

·         Грција – 49 км

·         Косово – 222 км

·         Албанија – 26 км

 

Општината на потенцијалните инвеститори им ги става на располагање:

  • Индустриска зона „Макази“
  • Индустриска зона „Преспатекс“

Индустриска зона „Макази“ се наоѓа во Општина Ресен, месност викана Макази – К.О. Козјак. Оваа зона се наоѓа во близина на магистралниот пат правец А3 (Битола – Ресен). Вкупната површина на индустриската зона „Макази“ изнесува 6 ха и има 39% изграденост. Сопственоста на зоната е целосно државна. Инфраструктурно, зоната располага со патна, комунална, енергетска инфраструктура.

Индустриската зона „Макази“
Вкупна површина 6 ха
Сопственост 100 % државна сопственост
Расположлива инфраструктура – Електрична енергија

– Водовод

– Атмосферска канализација

– Фекална канализација

 

Индустриска зона „Преспатекс“ се наоѓа во Општина Ресен, во близина на регионалниот пат А3 (Битола – Ресен) и е лоцирана во близина на централното градско подрачје. Индустриската зона „Преспатекс“ располага со целосна вкупна површина од 24 ха. Оваа индустриска зона е 70% во државна сопственост и 30% во приватна сопственост. Индустриската зона располага со комплетна инфраструктура – комунална, патна и енергетска инфраструктура.

Индустриската зона „Преспатекс“
Вкупна површина 24 ха
Сопственост 70% државна сопственост

30% приватна сопственост

Расположлива инфраструктура – Електрична енергија

– Водовод

– Атмосферска канализација

– Фекална канализација

Почетна цена на земјиште во сопственост 61,50 денари / м2

Категории

Последни Новости